Mazda MX-5 25th Anniversary Edition изложена во Њу Јорк – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda MX-5 25th Anniversary Edition изложена во Њу Јорк

Mazda претстави јубилејна изведба по повод 25 години од лансирањето на првата генерација на MX-5, на автомобилскиот саем во Њу Јорк.

Јубилејниот модел е базиран на досегашната трета генерација со тврд кров, кој заедно со А-столбовите е обоен во црна, додека каросеријата е во металик црвена боја. Неговиот ентериер е дотеран со бели кожни седишта и панели на вратите, како и црвени детали, украсни назнаки и алуминиумски педали.

Покрај естетските, овој MX-5 добил и механички измени. Неговиот 2-литарски атмосферски агрегат е надграден со нови клипови, поврзувачки компоненти и замаец, а на купувачите ќе им биде понуден со мануелен или автоматски менувач. Управувањето ќе биде подобрено благодарение на новите Bilstein амортизери и 17-инчните алуминиумски фелни обвиени во Bridgestone Potenza 205/45 пневматици.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.