Peugeot ќе претстави нов спортски концепт на саемот во Пекинг – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot ќе претстави нов спортски концепт на саемот во Пекинг

Францускиот бренд планира да изложи нов спортски концепт на овогодишното издание на автомобилскиот саем во Пекинг.

Моделот ќе служи да ја претстави идната дизајнерска насока на Peugeot и ќе го следи атлетскиот и чист дизајнерскиот јазик прикажан со суперавтомобилот Onyx, претставен на саемот во Париз. Тој ќе се протега во должина од 4.73 метри, додека неговата височина ќе биде само 1.31 метар, што ќе му даде нагласен спортски став. Автомобилот ќе нуди доволно простор да смести четири патници, заедно со нивниот багаж.

Се шпекулира дека на саемот кој ќе се одржи од 20-ти до 29-ти Април во Пекинг, Peugeot планира да го претстави и концептот 6008, кој ќе биде базиран на Citroen Wild Rubis и ќе позајми неколку дизајнерски елементи од 2008 и 308.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.