Peugeot Onyx Concept на Парискиот Автомобилски Саем – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot Onyx Concept на Парискиот Автомобилски Саем

Нема сомнеж дека секој од трите француски производители на автомобили, Peugeot, Citroen и Renault, ќе се потруди да ги импресионира посетителите со зачудувачки концептни модели на 2012-тото издание на Парискиот Автомобилски Саем.

Првата студија која е потврдено дека ќе биде прикажана на саемот е Peugeot-овиот концепт наречен Onyx. Францускиот производител претстави сет фотографии и видео од нивниот концепт за супер автомобил со футуристички дизајн, планиран да дебитира на Саемот во Париз на 27-ми Септември.

Onyx е супер автомобил со заден погон кој користи многу од технологиите на Peugeot-овиот Ле Ман прототип. Неговите врати и крила се направени од бакарни лимови, со рачна изработка. Другите панели се од јаглеродни влакна, додека прозорците и покривот се направени од лесна акрилна алтернатива на стакло.

Овој концепт е долг 4650mm, широк 2200mm и висок 1130mm, а неговиот коефициент на отпор изнесува 0.30. Автомобилот, кој тежи 1100 килограми, е направен над карбонска структура на која се прицврстени суспензијата и 3.7-литарскиот V8 HDI FAP хибриден мотор. Агрегатот произведува 600 кс и е усогласен со шест-степен секвенцијален менувач.

Onyx исто така има систем за апсорбирање на кинетичката енергија, кој ја насочува енергијата на сопирање кон литиум јонските батерии, а потоа автоматски ја ослободува силата при забрзување, додавајќи уште плус 80 кс.

Ентериерот е направен од компресиран филц и е формиран како еден дел, без шевови и спојки. Контролната табла е направена од дрво направено од рециклирани весници.

Најверојатно Onyx нема да излезе во производство.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.