Први официјални фотографии: 2013 KIA Pro_Cee`d – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први официјални фотографии: 2013 KIA Pro_Cee`d

Корејскиот производител дефинитивно сака да понуди нешто подобро на пазарот – и да, успева во тоа! По претставувањето на Cee`d, сега имаме официјални фотографии од три-вратната верзија на истиот – го претставуваме KIA Pro_Cee`d!

Овој Prо_Cee`d не е само верзија со три врати на „обичниот“ Cee`d – тоа може да го видиме и со малку поразличните дизајнерски детали.

За Pro Cee`d да биде поагресивен, предниот дел е малку изменет, па светлосната група е сега споена со отворот за воздух, а светлата за магла добиваат поинаква позадина.

Спортските линии и нискиот кров го дополнуваат агресивниот и спортски лик кој KIA сака да го создаде, а линиите продолжуваат и кон задниот дел на автомобилот. Во внатрешноста се додадени само нови материјали и бои, но за жал нема поекстремни промени.

Околу моторите, сеуште нема официјална потврда – но најверојатно и Pro_Cee`d ќе ги „наследи“ моторите од хечбек верзијата. Најверојатно ќе бидат достапни бензинците – 1.4-литарскиот MPI со 100 КС и 1.6-литарскиод GDI со 133 КС, како и двата дизел агрегати – 1.4-литарскиот WGT со 90 КС и 1.6 VGT со 108 или 126 КС.

Официјалното претставување е закажано за саемот во Париз, кога ќе имаме повеќе официјални фотографии, информации и детали за KIA Pro Cee`d.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.