2013 KIA Cee’d – Нови информации и фотографии – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

2013 KIA Cee’d – Нови информации и фотографии

KIA објави повеќе информации и фотографии од нејзиниот натпреварувач во Ц-сегментот.

2013 KIA Ceed ќе биде во понуда во две варијанти – хечбек и караван. Во Европа ќе се нуди во избор од два бензински агрегати: 1.4-литарски MPI со 100 кс и 1.6-литарски GDI со 133 кс, како и два дизели – 1.4-литарски WGT со 90 кс и 1.6 VGT во две варијанти, од 108 кс и 126 кс.

Сите мотори ќе бидат во понуда со шест-степен рачен или автоматски менувач, додека шест-степена трансмисија со дупла спојка ќе биде достапна со 1.6-литарскиот GDI бензински агрегат.

Kia исто така објави дека ќе лансира Ceed со високи перформанси кој најверојатно ќе располага со спортска суспензија и 2.0-литарски турбополнет четири-цилиндарски мотор со околу 220-230 кс.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.