Малиот “трансформер” на Chevrolet добива благ фејслифт кој ќе биде претставен на саемот во Париз на крајот на наредниот месец.
Надвор измените не се големи – можеме да ги забележиме малите промени на предниот дел (предниот браник и предната маска), различниот изглед на предните светла како и хромираните рамки на светлата за магла.
Детали за промените на задниот дел и во внатрешноста сеуште нема, но се очекува задниот дел да претрпи неколку помали измени додека внатрешноста треба да добие нова централна конзола.
Заедно со овие промени, се најавува и проширување на понудата на бандажите, па така освежениот Spark ќе добие нови 14-ични и 15-инчни бандажи. Понудата на мотори осанува истa т.е тука се 1.0 литарскиот бензинец со 68 КС и 1.2 бензинецот со 82 КС.