Се планира супер лесен Volkswagen Golf Carbon GTI – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Се планира супер лесен Volkswagen Golf Carbon GTI

Volkswagen Golf 7 ќе биде придружен од ограничена, супер лесна верзија од GTI.

Најверојатно наречен Carbon GTI, моделот ќе располага со алуминиумски компоненти, како и карбонски кров и хауба. Ова би му овозможило на автомобилот да биде за 200 килограми полесен од сегашниот GTI. Истата лесна конструкција ќе се користи и кај хибридната и електрична верзија.

Како кај стандардниот GTI, се очекува Carbon верзијата да биде придвижувана од 2.0-литарски бензински мотор со 222 кс. Ова би му овозможило на супер лесниот модел да забрзува од 0-100 км/ч за помалку од шест секунди. Може да се очекува и нов управувачки систем и VAQ преден диференцијал за подобрено управување.

Доколку се биде според планот, Carbon GTI би можел да биде лансиран во 2014 да ја одбележи 40-годишнината на Golf.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.