Премиера: Освеженото Volkswagen Polo – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Освеженото Volkswagen Polo

Трепнете и ќе ги пропуштите визуелните промени, но позади дискретното затегнување на брчките на Polo се кријат многу вистински новитети!

Она што Volkswagen денес го претстави е освеженото Polo. Еден од најмалите членови на Volkswagen фамилијата носи неколку новитети со кои ќе ја продолжи борбата со сериозната  и квалитетна конкуренција.

Во ред, некои од вас можеби ќе прашаат дали фејслифтот е поранета првоаприлска шега – и ние би се сложиле со вас – визуелните измени се навистина дискретни и на прв поглед незабележливи. Новиот преден браник сега малку наликува на оној кај Golf, но тука се и неколку нови комбинации на алуминиумски фелни. Она што е важен новитет се новите LED предни светла кои се појавуваат прв пат во оваа класа. Секако, ќе бидат достапни само кај најопремени и најскапи верзии на Polo, а останатите ќе мораат да се задоволат со „ретро“ халогените светла.

Autodesk VRED Professional 2014

Од друга страна, има многу новитети под предниот поклопец. За прв пат ќе се нуди Bluemotion Polo со бензински погон – и ќе биде придвижувано од 0.9-литарски турбо-бензинец кој ќе испорачува 90 коњски сили кое ќе троши само 4 литри на 100 изминати километри. Истовремено, тука ќе биде и Bluemotion TDI верзијата која благодарение на малиот турбодизел ќе троши само 3.2 литри на 100 километри.

Под поклопецот на моторот својот дом ќе го најдат и три-цилиндерските бензинци од Volkswagen Up кои нудат 60, односно 75 коњски сили кои всушност ќе бидат замена за досегашните 1.2-литарски мотори. Во понудата остануваат  и 1.2-литарските TSI мотори со 90, односно 105 коњски сили, како и 1.4-литарскиот TSI со деактивација на цилиндри. Volkswagen најавува дека ќе претстави нов 1.4-литарски три-цилиндерски турбодизел со 75 и 90 коњски сили кој ќе биде  замена за постоечките 1.2-литарски и 1.6-литарски TDI мотори. Најмоќната верзија – Polo GTI – ќе добие мало зголемување на моќноста која расте од 178 на 189 коњски сили.

Поврзано:   Буба Клуб Македонија наполни 14 години!

volkswagen-polo-facelift-interior

Во внатрешноста, Polo добива нов волан (кој нам ни изгледа како да е „ќарен“ директно од Golf), како и нови мултимедијални уреди, заедно со нови седишта. Благодарение на новиот, електричен серво уред дополнително се намалува потрошувачката, а истовремено Volkswagen најавува дека е поработено на управливоста. Купувачите ќе можат да нарачаат и опрема која досега беше резервирана само за поголемите и полуксузни модели – радарски-воден темпомат, адаптивна суспензија, автоматско кочење во градски услови и уште некои ситници.

Од Volkswagen најавуваат дека цените не би требало да претрпат поголеми промени, и дека цената на основниот модел би требало да остане иста како досегашната.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.