Познати седумте финалисти за Европски автомобил на годината! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Познати седумте финалисти за Европски автомобил на годината!

Откриена е листата со седумте финалисти во изборот за престижната награда за Европски автомобил на 2014 година.

Финалистите кои се изборија за конечниот избор од претходните 30 автомобили што беа одбрани во Септември се BMW i3, Citroen C4 Picasso, Mazda3, Mercedes-Benz S-Class, Peugeot 308, Skoda Octavia и Tesla S. Најиновативни од оваа селекција на возила се двата електрични модели BMW i3 и Tesla Model S, заедно со луксузниот Mercedes-Benz S-Class, додека од конвенционалните сметаме дека најголем напредок има новата Mazda3, со нејзиниот смел дизајн и Skyactiv технологија.

Сепак, за конечните резултати и победникот за Европски автомобил на годината ќе треба да почекаме до претстојното издание на автомобилскиот саем во Женева, кој ќе ги отвори вратите на 3-ти Март наредната година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.