Утринска Гимнастика: Jaguar го изеде Mercedes – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Jaguar го изеде Mercedes

Британскиот бренд објави хумористично рекламно видео со кое малку ги задева Mercedes-Benz и нивниот Magic Body Control систем.

Исто како во оргиналната реклама, телото на кокошката танцува на музика во рацете на инженер за да демонстрира колку е напредно Германското инженерство. Но Jaguar е токму тука, спремен да скокне врз вкусниот оброк. Од интересно животно, кокошката повторно се спушти на дното од синџирот на исхрана.

„Магична контрола на каросеријата? Ние преферираме мачкини рефлекси, зар не и вие?“



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.