Претставен новиот полесен и покомпактен Citroen C4 Picasso – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен новиот полесен и покомпактен Citroen C4 Picasso

По скоро два месеци од објавувањето на концептот Technospace, Citroen го претстави новиот идентичен моноволуменец C4 Picasso.

Без сомнеж, првата работа која секој ќе ја забележи кај овој модел е неговиот необичен дизајн на предниот и страничниот дел, кои изгледаат како да се дизајнирани токму од Picasso. Сепак, задниот дел е направен во поинаков стил и се одликува со повоздржан дизајн.

Новиот C4 Picasso е првиот модел направен на новата модуларна платформа на групацијата PSA, а благодарение на неа и уште неколку модификации постигнато е значително намалување на тежината за дури 140 килограми во споредба со претходниот модел. Покрај тоа што моделот е за 40mm пократок и 50mm понизок од претходникот, поради 55mm подолгото меѓуоскино растојание новиот модел може да се пофали со повеќе простор за патниците во кабината, како и зголемен багажен простор за дури 40 литри.

Ентериерот е направен од поквалитетни материјали, кои ќе бидат достапни во повеќе нивоа на опрема. Инструмент таблата претставува 12-инчен екран сместен над централната конзола. Во основно ниво, новиот C4 Picasso доаѓа опремен со седум-инчен екран на допир, преку кој возачот и патниците ќе имаат целосна конрола на сите функции, вклучувајќи радио, навигација, дво-зонска клима, безбедносни системи, телефон итн. Задната клупа ја сочинуваат три поединечни седишта кои можат да се движат и наместат секое различно.

Новиот C4 Picasso е првиот моноволуменец со конвенционален мотор со внатрешно согорување кој испушта штетни издувни гасови од помалку од 100 грама на километар. Тоа е е-HDi 90 Airdream моделот опремен со старт/стоп систем и придвижуван од 1.6-литарски турбо дизел агрегат со 90 кс, усогласен со шест-степен менувач без спојка. Во оваа комбинација, C4 Picasso има навистина ниска средна потрошувачка од само 3.8 литри на 100 километри.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Citroën ги објави првите фотографии и детали од целосно-новиот C3 Aircross

Во понуда ќе бидат уште два дизели, 1.6-литарски со 115 и 150 кс, како и два бензинци, 1.6-литарски со 120 и 155 кс.

Citroen подготвува и замена за поголемиот Grand C4 Picasso.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.