Утринска Гимнастика: Пустински лудории со огромен теренец со 850кс! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Пустински лудории со огромен теренец со 850кс!

Monster Energy објави ново спектакуларно видео, овојпат со авантура надвор од асфалтираните патишта, наместо Gymkhana атракција.

Иако видеото започнува со Nissan GT-R кој дрифта низ свиоци, сепак се работи за огромен теренец кој се движи со брзина до 240 км/ч низ рапавиот терен на пустината Мохаве. Тука се и две прекрасни девојки кои дополнително придонесуваат за привлечноста на видеото.

Главна улога во краткиот филм е BJ Baldwin, кој е позади воланот на огромен теренец со заден погон, придвижуван од 7.5-литарски Chevrolet V8 агрегат кој развива 850 кс и 935 Nm вртежен момент. Најинтересен факт: неговата просечна потрошувачка изнесува 75.8 литри на 100 километри.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.