Toyota не само што се фали со добра продажба во Европа, туку се фали и со процентот на продадени хибриди – кои во првата половина од оваа година достигнаа скоро 50%!
Продажбата на Toyota во Европа е зголемена за дури 6% во однос на истиот период минатата година, а пазарното учество е зголемено на 5 проценти – вкупно се продадени 560.000 нови возила, од кои дури 46% биле хибриди!
Продажбата на хибриди е зголемена за 23% во однос на минатата година. Јапонскиот производител продал дури 23% повеќе хибриди во однос на минатата година, а побарувачката за хибриди е навистина голема во западна Европа – таму дури 58% од продадените возила биле хибриди.
Интересно е што е зголемена продажбата и на луксузниот бренд на Toyota – Lexus. Продажбата на Lexus е зголемена за 7%, а учеството на хибридните верзии во продажбата е 62%, односно дури 99% во земјите од западна Европа.
Секако, луѓето од Toyota се задоволни со продажбата. Тоа го истакна и Dr. Johan van Zyl, претседателот на Toyota Motor Europe кој изјави – „Многу сме задоволни со перформансите во првата половина од годината, благодарение на нашата успешна стратегија за електрификација. Нашите самополнечки хибриди кои вклучуваат дури 16 Toyota и Lexus модели сочинуваат 46% од продажбата, и очекувам 2018 да продолжи со истото темпо.“
Најпродаваниот модел на Toyota е малиот Yaris кој е продаден во вкупно 123.266 примероци, од кои дури 66.306 биле хибриди. Кросоверот C-HR е продаден во 78.369 примероци од кои 67.194 биле хибриди – односно дури 85% од продадените модели.
Кај Lexus, очекувано најпродаван е кросоверот NX со 15.365 продадени автомобили од кои дури 10.755 биле хибриди.
Наши тестови: