Hyundai му дава малку спортски карактер на обичниот i30 со новиот N Line пакет – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai му дава малку спортски карактер на обичниот i30 со новиот N Line пакет

Визуелните измени кои ги носи N Line пакетот се задолжени да му дадат на обичниот i30 малку од спортскиот шарм и карактер на i30 N!

Новиот i30 N Line има интересна задача – а тоа е да биде своевиден „вовед“ во N-гамата на брендот. Измените кои доаѓаат со N Line пакетот се воглавно козметички, но сепак има и мали измени во суспензијата кои ветуваат подинамично управување.

i30 N Line ќе се нуди со 1.4-литарскиот турбо-бензинец на Hyundai кој испорачува 140 коњски сили и 242 коњски сили. Опремен со овој мотор, i30 забрзува до 100 километри на час за 8.9 секунди и постигнува максимални 210 километри на час – сосем респектабилни перформанси.

Дел од N Line пакетот се ревидирани браници со поголеми отвори за воздух, нов заден браник со двојни завршетоци на издувниот систем, уникатни 18-инчни тркала алуминиумски тркала и многу спортски детали во ентериерот – меѓу кои и спортски седишта со N ознаки. i30 N Line добива и ревидирана суспензија, како и помоќни сопирачки – кои се „наменети да го зачинат обичниот i30 со пет врати.“

Ваквиот пакет дефинитивно го прави i30 поинтересен за помладите купувачи. Привлечниот дизајн е веќе доволно силен адут, но ваквите спортски детали секогаш биле интересни за купувачите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.