Половина од продадените автомобили на Toyota во Европа оваа година се хибриди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Половина од продадените автомобили на Toyota во Европа оваа година се хибриди!

Toyota не само што се фали со добра продажба во Европа, туку се фали и со процентот на продадени хибриди – кои во првата половина од оваа година достигнаа скоро 50%!

Продажбата на Toyota во Европа е зголемена за дури 6% во однос на истиот период минатата година, а пазарното учество е зголемено на 5 проценти – вкупно се продадени 560.000 нови возила, од кои дури 46% биле хибриди!

Продажбата на хибриди е зголемена за 23% во однос на минатата година. Јапонскиот производител продал дури 23% повеќе хибриди во однос на минатата година, а побарувачката за хибриди е навистина голема во западна Европа – таму дури 58% од продадените возила биле хибриди.

Интересно е што е зголемена продажбата и на луксузниот бренд на Toyota – Lexus. Продажбата на Lexus е зголемена за 7%, а учеството на хибридните верзии во продажбата е 62%, односно дури 99% во земјите од западна Европа.

Секако, луѓето од Toyota се задоволни со продажбата. Тоа го истакна и Dr. Johan van Zyl, претседателот на Toyota Motor Europe кој изјави  – „Многу сме задоволни со перформансите во првата половина од годината, благодарение на нашата успешна стратегија за електрификација. Нашите самополнечки хибриди кои вклучуваат дури 16 Toyota и Lexus модели сочинуваат 46% од продажбата, и очекувам 2018 да продолжи со истото темпо.“

Најпродаваниот модел на Toyota е малиот Yaris кој е продаден во вкупно 123.266 примероци, од кои дури 66.306 биле хибриди. Кросоверот C-HR е продаден во 78.369 примероци од кои 67.194 биле хибриди – односно дури 85% од продадените модели.

Кај Lexus, очекувано најпродаван е кросоверот NX со 15.365 продадени автомобили од кои дури 10.755 биле хибриди.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Освежениот Toyota GR Yaris е уште помоќен и уште побрз!

 

Наши тестови:

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.