ПРЕМИЕРА: Renault Megane RS Trophy – Повеќе сила, намалена тежина, подобрена шасија и повеќе забава! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Renault Megane RS Trophy – Повеќе сила, намалена тежина, подобрена шасија и повеќе забава!

Како што очекувавме, Renault ја претстави пожешката Trophy изведба на Megane RS – кој сега нуди 300 коњски сили и 400 Nm вртежен момент од 1.8-литарскиот турбо-бензинец!

Измените кои ги носи Trophy верзијата не се баш незначителни – моторот е доработен да испорачува 300 наместо 280 коњски сили и 400 наместо 390 Nm вртежен момент – а доколку го изберете автоматскиот менувач со двојна спојка, добивате одлични 420 Nm вртежен момент.

Понатаму, стандардно ја добивате Cup шасијата со поцврста суспензија, но и Torsen механички диференцијал со ограничено пролизгување. Ќе добиете и специјални 19-инчни тркала обвиени во супер-спортски Bridgestone Potenza S001 пневматици. Од следната година ќе се нудат нови, 19-инчни тркала кои се 2 килограми по тркало полесни, а ќе бидат обвиени во Bridgestone Potenza S007 пневматици развиени токму за овој модел.

Megane RS Trophy добива и нови сопирачки кои се полесни за 1.8 килограми. RS Trophy го добива и системот за управување на сите четири тркала, а купувачите ќе можат да нарачаат и спортски Recaro седишта со освежен дизајн кои се обвиени во Алкантара и ја снижуваат возачката позиција за одлични 20 милиметри.

Во однос на перформансите – тука немаме забелешки. Верзијата со мануелен менувач (само за неа се објавени податоци) ќе забрзува до 100 километри на час за 5.7 секунди и ќе постигнува 260 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.