Сподели! ;)

Осум Македонски возачи овој викенд си ги одмерија силите со Косовските натпреварувачи на ридската трка Превала, во близина на Брезовица.

Во недостаток од ридско-брзински трки и катастрофалната ситуација со автомобилизмот на нашата територија, македонските натпреварувачи, немајќи избор за да ја задоволат својата страст се почесто земаат учество во шампионатите на соседните земји. Изминатиов викенд се одржа ридска трка од косовскиот шампионат на патеката Превала, оддалечена само 75 километри од Скопје, а тоа беше доволна причина зошто ние се одлучивме да отидеме и да ги бодриме нашите возачи.

Патеката Превала се протега во должина од 2.85 километри и е карактеристична по петте свиоци од 180 степени, неколкуте долги правци со различни успони и прекрасната природна околина, како и погледот кон западната страна од Шар Планина. Натпреварувачите беа поделени во вкупно 11 класи, од кои сите македонски возачи беа сместени во класата Промо, единствената која не се бодува.

asdfghjkl

Како најбрз можеме да го издвоиме Југослав Милошевски со Opel Corsa, кој постигна најбрзо време од 1 минута и 42,091 секунди, и вкупно последователно време од 3 минути и 25,379 секунди од двете возења. Веднаш зад него се најде Орхан Амет со Yugo 1600 хоби, со постигнато најбрзо време од 1 минута и 43, 719 секунди, како и вкупно време од двете возење од 3 минути и 29, 861 секунди. Иако не освоија бодови, со вкупните времиња тие се позиционираа редоследно на осмата и четиринаесеттата позиција од сите пријавени учесници на трката.

Останатите македонски учесници беа: Коста Николовски со Yugo 1.150 Gr.А и постигнато време од 1:55,206, потоа Михајло Лазаревски исто така со Yugo 1.150 Gr.А и време од 1: 57,226, зад него Мартин Делев со Peugeot 106 Gr.N и време од 1:56,589, Никола Попевски со Yugo 1.150 Gr.А и време од 1:59,454, Филип Џуклевски со Yugo и време од 2:00,222, и на крај Зоран Делев со Peugeot 106 Gr.N и постигнато време од 2:05,127.

Од косовските возачи, најбрз беше Перпарим Души позади воланот на Формула со најбрзо време од 1:29,516 и вкупно време од 3:02,092. На втората позиција се најде Блеранд Хасанај со Опел Кадет и трето најбрзо време од 1:33,321 и многу слично второ возење, кое му го обезбеди второто место. Возачот со второ најбрзо време овој викенд беше Бардил Каноли со BMW M3 E36 со постигнато време од 1:32,934, но во второто возење беше значително побавен и ја испушти втората позиција.

Ние се потрудивме да ја доловиме тамошната атмосфера и да ви ја пренесеме преку следната фотогалерија: