Škoda потврди, новиот SUV ќе се вика Kodiaq – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Škoda потврди, новиот SUV ќе се вика Kodiaq

Чешкиот производител потврди дека новиот SUV ќе го носи името Kodiaq!

Новиот SUV на чешкиот огранок на Volkswagen групацијата ќе се вика Kodiaq – официјално потврди Škoda. Но активностите не запираат таму – малиот град, поставен на мал остров близу брегот на Алјаска кој се вика Кодиак официјално го смени своето име на еден ден – и минатиот петок малиот град се викаше Kodiaq.

kodiaq-fire

Инаку, името Kodiaq потекнува од Кодиак мечките кои живеат на малиот остров близу Алјаска, а името им го имаат дадено локалните староседелци – народот познат како Alutiiq. Новиот SUV на Škoda веќе беше најавен со несекојдневниот Vision S, а според официјалните најави ќе биде официјално претставен на пазарот во втората половина од оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.