Добредојдовте на нашиот портал! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Добредојдовте на нашиот портал!

Една година, 840 членови, 1600 теми и 110000 мислења подоцна, пораснавме! Огромна чест ни е да Ви го претставиме нашиот нов портал и да ве поканиме да уживате во содржините кои ги нудиме!

Приказната за CARclub.mk започна пред нешто повеќе од една година. Желбата за дружење и комуникација не мотивираше да го создадеме CARclub.mk! Започнавме со форум, кој со многу работа, љубов и ентузијазам прерасна во една одлична заедница. Заедница која веќе неколку пати се покажа како одлична, гостопримлива и дружељубива. Сега, точно една година откако го лансиравме форумот, ја имаме честта и привилегијата да го покажеме и CARclub.mk порталот за автомобили!

Изминатата година ни донесе многу. CARclub порасна многу, и може да се пофали со следните бројки:

  • 844 членови
  • 1.650 теми
  • 110.000 пораки
  • 230.000 посети
  • 3.850.000 прикажани страници
  • и многу повеќе!

Можеме да се пофалиме и со неколку настани, кои ни претставуваа вистинско задоволство:

  • Еден од најголемите автомобилски собири во Македонија!
  • Екскурзија до Маврово
  • Екскурзија до Св. Јоаким Осоговски
  • Екскурзија до Попова Кула
  • Регионални собири на наши членови во Охрид и Битола

Се надеваме дека од самиот почеток ќе ви понудиме одлични содржини, и дека ќе продолжиме и во иднина. За почеток, ви ги нудиме:

Ако веќе не сте се зачлениле на нашиот форум, ви препорачуваме да го направите тоа веднаш и да се вклучите во многуте дискусии. Побарајте го CARclub.mk на Facebook и на Twitter, и бидете подготвени за многу нови содржини, јубилеи и настани. Ви благодариме за поддршката и вниманието, и одиме заедно кон нови успеси!

Искрено ваш,

CARclub.mk

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.