Small Sports EV & AC-X – Honda на салонот во Токио! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Small Sports EV & AC-X – Honda на салонот во Токио!

Honda со два нови концепти во Токио – спортскиот Small Sports EV како и хибридниот AC-X концепт!

Јапонскиот гигант на домашниот авто-салон во Токио ќе претстави два интересни концепти. Иако многумина очекуваа едниот од нив да е наследникот на легендарниот NSX, сепак тоа нема да се случи. Но, за ентузијастите Honda ќе го претстави малиот спортски електричен автомобил – или како што е наречен – Small Sports EV (SSEV).  Од Honda не издаваат многу детали, но се надеваме на повеќе информации кога ќе започнат настаните во Токио.

Вториот автомобилски концепт кој ќе го видиме од Honda е AC-X концептот, кој личи многу на постоечкиот FCX Clarity модел. Со двоен режим на работа, тој ветува одлични возни способности и карактеристики кога возачите тоа ќе го побараат, но и одлична потрошувачка и еколошка прифатливост.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.