Dacia Sandero е најпродаваниот автомобил во Август 2021 во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Dacia Sandero е најпродаваниот автомобил во Август 2021 во Европа

JATO Dynamics го објави Европскиот извештај за најпродавани автомобили во осмиот месец од актуелнава година на Европскиот континент.

По минатогодишните намалувања на продажбите како последица на пандемијата, сега големо влијание на бројката на продадените возила прави недостигот на микрочипови, па така дел од производителите со нивната понуда значително доцнат зад нивната побарувачка.

Сепак, и покрај тоа третата генерација на Dacia Sandero е втор месец по ред најуспешен модел, откако оствари 14,961 продажби. Поголемиот Volkswagen Golf е сеуште на високата втора позиција со продадени 13,664 примероци.

Како третопласиран со регистрирани 12,594 продажби заврши Toyota Yaris, додека како најбаран кросовер, на четвртото место се издигна уште еден модел на Dacia – поголемиот Duster со продадени 11,327 примероци.

Вториот кросовер од листата Volkswagen T-Roc се најде на петтата позиција по продадени 11,179 возила, а зад него заврши малиот Fiat 500 со остварени 10,966 продажби.

Во продолжение на табелата се појавуваат и моделите Volkswagen Polo, Toyota Corolla, Hyundai Tuscon и Ford Puma.

Извор на табелата: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.