За прв пат, електричните и електрифицираните возила во Европа се продадоа повеќе од дизелите – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

За прв пат, електричните и електрифицираните возила во Европа се продадоа повеќе од дизелите

Продажбата на електрични и plug-in хибридни возила во Европа ги надмина дизелски-погонуваните автомобили за прв пат во историјата во осмиот месец од годинава, според извештаите на JATO.

Електричните и plug-in хибридните возила успејаа да приграбат 21 процент од сите продажби, со остварени 151,737 испораки, пред дизелските 20 проценти или 141,635 примероци.

Иако ова е првиот пат во историјата електричните и plug-in хибридните возила да ги надминат дизелски продажби, ова не е нивниот прв, туку втор најдобар месец.

Најпродаваниот електричен модел во Август беше Volkswagen ID.3 со остварени 7,958 продажби, додека веднаш зад него се најде Tesla Model 3 со продадени 7,826 возила.

На третото место, со продадени значително помалку примероци – 4,641 заврши Volkswagen ID.4, а на четвртата позиција се најде Renault Zoe со продадени 4,045 автомобили.

Како успешен новитет на петото место се појави Ford Mustang Mach-E со 3,647 продажби, пред Skoda Enyaq со регистрирани 3,575 продадени возила.

Во продолжение на табелата за најпродавани 10 електрични возила во Европа се најдоа и Kia Niro, Tesla Model Y, Volkswagen Up и Fiat 500.

Што се однесува до хибридните модели, тука најуспешен беше кросоверот Ford Kuga со продадени 3,521 примероци, пред второпласираниот Mercedes GLC со 2,695 продажби.

На третото место се најде седанот BMW Серија 3 со продадени 2,352 автомобили, додека зад него заврши компактниот Mercedes A-Class со 2,322 продадени возила.

На петтото и шестото место финишираа два модели на Seat. Минимално поуспешен беше Cupra Formentor со 2,194 продажби, додека Leon регистрираше 2,178 продадени примероци.

Останатиот дел од табелата ги содржи моделите Peugeot 3008, Hyundai Tuscon, BMW X3 и Audi A3.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Освежениот Golf R има 333 коњски сили!

Извор на табелите: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.