ПАНОРАМА: Audi Q7 e-tron Quattro – Хибриден и економичен луксузен SUV! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПАНОРАМА: Audi Q7 e-tron Quattro – Хибриден и економичен луксузен SUV!

Audi ги објави сите детали за новиот хибриден Q7 кој ќе ја носи ознаката e-tron Quattro и ќе има автономија на струја до 56 километри!

Под каросеријата се крие хибриден погон кој нуди вкупно 373 коњски сили и 700 Nm вртежен момент. Максималната брзина на големиот хибриден SUV е 225 километри на час, а бенчмаркот од 100 километри на час се постигнува за рамно 6 секунди.

Хибридниот погон е комбнација од 3-литарскиот V6 TDI мотор кој нуди 258 коњски сили и 600 Nm вртежен момент, као и елетромотор кој испорачува дополнителни 126 коњски сили и 350 Nm вртежен момент. Овие мотори се впарени со 8-степен Tiptronic менувач кој ја пренесува силата кон сите четири тркала, а возачот може да избере меѓу неколку режими на работа – EV (кога погонот е исклучиво на струја), Hybrid, Battery Charge и Battery Hold. Според официјалните тестирања (изведени според NEDC стандардите), Q7 e-tron Quattro во идеални услови би трошел само 1.7 литри дизел гориво на 100 километри.

Автономијата на струја е 56 километри – сосем доволно за да ги задоволи дневните потреби на повеќето од потенцијалните купувачи, а доколку се поврзе на индустриски приклучо, тогаш батериите се полнат за помалку од дваипол часа.

Дополнително, за уште повеќе да ја подобри ефикасноста, Audi во Q7 e-tron Quattro вградува специјален систем за управување со топлината кој има топлинска пумпа која ја презема непотребната топлина од електричните компоненти и потоа ја користи за да ја загрева кабината. Најважната придобива од овој систем е тоа дека користи многу малку енергија, особено кога ќе се искомибинра со традиционалниот систем за загревање на кабината – па затоа додава на автономијата на елетричен погон.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Audi A4 станува А5, претставен и нов S5

Audi Q7 e-tron Quattro треба да се појави на пазарот официјално на почетокот на следната година, а основната цена (во Германија) ќе биде 80.500 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.