Mazda подготвува два MX-5 концепти за SEMA – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda подготвува два MX-5 концепти за SEMA

Mazda се подготвува за SEMA – оваа година јапонскиот производител таму ќе претстави две одлични изведби на MX-5 – во форма на Roadster и екстремен Speedster!

Обата концепти влечат инспирација од традиционалните роудстери, но сепак во помодерна интерпретација. Првиот концепт се вика MX-5 Roadster и е базиран на 2-литарската изведба, но доаѓа со нагодлива суспензија, лесни 17-инчни тркала и уште некои додатоци – и тежи само 1043 килограми.

Втората, поекстремна верзија е MX-6 Speedster – кај која е применета поагресивна диета, па вратите и седиштата се заменети со карбонски, ветробранското стакло е заменето со дефлектор и има уште некои други модификации – и тежи само 943 килограми!

Според Ken Saward, одговорниот за дизајн во Mazda North America, „обата концепти се безкомпромисни дизајни кои ги истакнуваат најсилните страни на MX-5. Со новата MX-5 имаме одличен дизајн со кој им овозможуваме на дизајнерите и тјунерите да работат на нашетов возило, но сепак да останат на вистинската патека!“

И ние сложуваме – и навистина сакаме да седнеме зад воланот на MX-5 Speedster!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.