Моделот претставува европска верзија на EZ-60 кој веќе се нуди на кинескиот пазар.
CX-6e користи литиум-железо-фосфатна батерија од 78 kWh и електромотор кој испорачува 258 коњски сили и 290 Nm вртежен момент.
Возилото забрзува од 0 до 100 км/ч за 7,9 секунди и нуди возечки досег до 484 километри според WLTP стандардот.
Со помош на брзото полнење до 195 kW, батеријата достигнува вредност од 10% до 80% за околу 24 минути.
Во интериерот доминира минимализмот и 26-инчниот екран во ултраширок формат (32:9). Тука се присутни и heads-up дисплејот со 3D проекција а стандардно се поддржани Apple CarPlay и Android Auto.
Возилото го очекуваме да пристигне во Европа во втората половина на 2026 година, додека цената уште не е објавена но истата се очекува да се движи околу 50.000 евра.
















