Жирито кое го одбира Светскиот Автомобил на Годината ги објави победниците за годинава – титулата оди во рацете на целосно-електричниот BMW iX3, а признанија добија и Lucid Gravity, Ioniq 6N, Firefly и Mazda 6e.
World Car of the Year жирито го сочинуваат 98 автомобилски новинари од 33 земји кои гласаат во тајнот. И по долготрајниот процес, тие го изгласаа целосно-електричниот BMW iX3 за Светски Автомобил на Годината за 2026. Електричниот SUV на BMW ги импресионираше судиите со врвните технологии, импресивната автономија и секако, искуството зад управувачот.
Но приказната на iX3 на овогодинешните награди не завршува тука – iX3 истовремено ја освои и титулата за Светски Електричен Автомобил за 2026, додека Oliver Zipse од BMW ја понесе титулата за Човек од Автомобилската Индустрија на Годината.
Дополнително, беа доделени уште неколку награди. Големиот Lucid Gravity беше прогласен за Светски Луксузен Автомобил на Годината, додека титулата Автомобил со Високи Перформанси на Годината отиде кај целосно-електричниот Hyundai Ioniq 6 N!
Признание доби и целосно-електричната Mazda 6e (ние веќе ја возевме), која ја доби наградата за Светски Автомобилски Дизајн на Годината, а наградата за Урбан Автомобил на Годината отиде кај малиот Firefly.






