Mercedes-Benz го претстави фејслифтираниот GL, кој од сега ќе се вика GLS! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz го претстави фејслифтираниот GL, кој од сега ќе се вика GLS!

Mercedes-Benz го освежи својот најголем SUV, а и во согласност со новите правила за именување на своите автомобили, му го промени името од GL во GLS.

S-class на SUV автомобилите – така Mercedes-Benz го нарекува новиот GLS. Познавачите ќе забележат нова предна маска на ладилникот, нови предни и задни браници, нови предни и задни светлосни групи, како и нови бои и дизајни на тркалата. Во ентериерот најважниот новитет е новата централна конзола која сега наликува као онаа кај другите модели на брендот. Ќе препознаете и нов управувач, но панел со инструменти и уште некои други ситници кои се повеќе или помалку забележливи.

Новитети има и под поклопецот на моторот – моделот GLS500 кој носи твин-трубо V8 сега има на располагање вкупно 449 коњски сили и 700 Nm вртежен момент, а големиот Mercedes-AMG GLS 63 сега има 577 коњски сили. Освен големиот AMG, сите други модели во гамата ќе добијат нов 9G-TRONIC автоматски менувач, а како опција можат да се добијат менувач со низок пренос и блокада на централниот диференцијал.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.