Продолжуваме со возењето низ прекрасни Алпски премини, овој пат благодарение на Youtube каналот „gtoscud“, кој не носи со Audi RS3 на Кортина д’Ампецо.
Видеото нè сместува директно во возачкото седиште на хипер-компактниот Audi RS3, кој со неговиот специфичен пет-цилиндарски турбо-бензинец произведува прекрасна механичка мелодија. Quattro погонот на сите тркала овозможува одличен контакт со подлогата и го лансира на излезот од секој свиок.
Извонредната делница се наоѓа длабоко во срцето на Италијанските Доломити и се одликува со фантастични патишта исполнети со природни убавини и многу висински разлики.
Затоа, попуштете го звукот, отворете го видеото на целиот екран и уживајте!




