SEAT ја најави својата идинина – четири нови модели до 2018, новиот SUV доаѓа следната година! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

SEAT ја најави својата идинина – четири нови модели до 2018, новиот SUV доаѓа следната година!

Шпанскиот бренд го најави својот нов план – кој се вика едноставно „Стратегија 2025“ – кој има за цел да изгради одржлива профитабилност, а вклучува лансирање на четири нови модели во следните две години!

Првиот модел кој SEAT ќе го лансира е својот прв компактен SUV. Дебито на овој модел е закажано за првата половина од 2016 и е навистина потребен за шпанскиот бренд. Новиот SUV ќе се бори со докажани конкуренти, но според познавачите SEAT работи и на втор, помал SUV кој ќе се впушти во борба со помалите, тренди SUV модели кои се вистински хит на пазарот.

Дополнително, SEAT најави нова програма за ефикасност во производството која ја нарекуваат LEAP и која ќе биде имплементирана во следните две години. Дел од оваа програма се инвестиции со кои ќе се адаптира една од линиите за производство во Марторел кон произведување на SUV модели. Со програмата ќе остварат заштеда од 100 милиони евра.

SEATStrategy3

Според Др. Франциско Хавиер Гарсиа Санц, „сега е времето да се делува среднорочно и долгорочно, без оглед на вестите од изминатите неколку седмици“ – и додаде „Volkswagen групата има целосна доверба во нашиот план за иднината и е целосно интегриран во нивната стратегија. Моделите кои ги најавивме за следните две години ќе стигнат на пазарот на време и ќе придонесат за одржливиот раст на SEAT.”



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.