Новиот 2013 SRT Viper излезе во продажба – Мега Галерија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот 2013 SRT Viper излезе во продажба – Мега Галерија

Најновиот, најопасен и најбрз Американски мускулест автомобил, SRT Viper од Chrysler групацијата, може да се порача од денес.

Понуден е во две верзии, основната чини 76,000 евра, додека поопремената GTS чини 93,900 евра, што го прави најефтин во класата. Новиот Viper ја црпи силата од огромниот 8.4-литарски v10 агрегат со 640 кс и 815 Nm максимален вртежен момент, поставен во средината, веднаш позади предните тркала. Пренесена преку шест-степен рачен менувач кон задните тркала, му овозможува на автомобилот да достигне максимална брзина од 330 км/ч.

Заедно со отварањето на списокот за нарачки, SRT објави цел куп фотографии од новата генерација на Viper, а ние ви прикажуваме неколку од нив:



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.