Audi освои грст награди за своите автомобили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi освои грст награди за своите автомобили!

Германскиот бренд може да се пофали со неколку нови награди кои ги освои со своите најнови модели!

Првата награда ја освои Audi A3. Се работи за наградата „Златен Волан“ во компактната класа. Од 20-те финалисти кои беа избрани, преку затворен процес на елиминација беше избран токму Audi A3. Ова е 22-риот „Златен Волан“ кој го освојува некој модел на Audi. Втората награда која ја освои A3 е наградата за најдобар германски дизајн за 2013-та година. Според комисијата на германските дизјанери, биле особено импресионирани од непретенциозниот дизајнерски стил, кој користи неколку, но многу конкретни и прецизни линии.

Audi освои и две JD Power награди. Наградите ги освоија моделите A1 и А5 кои ги добиле максималниот број на поени во нивните категории, а се засноваат врз студија за задоволство на клиентите. Анкетирани биле повеќе од 5000 клиенти кои купиле ново возило помеѓу 2010 и 2012 година.

Покрај овие награди, Audi се закити со две награди „Златен Класичен Волан“ за Audi A1 и Audi Q3, осум различни Red Dot Design награди, како и наградата за автомобил на годината за „Активен Животен Стил“ која ја доделуваат врвни американски автомобилски новинари и спортисти а ја освои Audi A4 Allroad. На крајот, мораме да го напоменеме и признанието кое го додели Британскиот центар за истражување на безбедноста Thatcham, кој оцени дека моделите на Audi имаат одлични системи против кражба. Thatcham ги извдои Audi A1, A4, A5, Q3, Q5 и А8 W12 L како фаворити во своите сегменти.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.