full screen background image
Search

Процесот на дизајнирање на Mercedes-Benz SLS AMG Black Series

Mercedes-Benz AMG неодамна објави фотографии од процесот на дизајнирање на 2013 SLS AMG Black Series. Не многу луѓе знаат што се случува при дизајнирање на модел на AMG, пa поради тоа AMG одделот реши да овозможи ексклузивен поглед во дизајнерскиот процес на SLS AMG Black Series.

Во почетокот на дизајнерската фаза, секој дизајнер креирал скица од базата на серискиот автомобил (SLS AMG). Секој дизајнер бил слободен во својата креативност да проба да создаде спектакуларен, уникатен и емотивен автомобил кој е сеуште хармоничен со почетниот модел, претставен пред четири години. Целта била да се создаде возило кое е визуелно подинамично, прикажува оптички зголемен траг на тркалата, визуелно ги преведува преформансните можности во појавата и креира свој посебен карактер. По првите скици, дизајнерите создаваат рендери.

Во вториот чекор, повеќето дизајнери ги спојуваат нивните рендери. Тие создаваат различни средни рендери и најпосле се одбира насока според една од идеите. Дизајнерот на одбраниот рендер е тогаш одговорен за следната фаза: создавање на модел од глина според дизајнерските рендери. Моделирањето со глина е прецизно уметничко дело. Фотографиите го прикажуваат моделот од глина пред и откако ќе се обложи со фолија. Моделот со фолија е прикажан на одговорните пред да се започнат фазите на преиспитување и оптимизација.

Откако првата верзија на моделот од глина е завршена, тогаш се преиспитува се додека не се создаде финалната верзија. Во овие фази се вклучени многу други области бидејќи главниот фокус не е само дизајнот туку исто така и техничките аспекти на автомобилот како аеродинамика, динамика на возење, справување со топлина и други. Во крајот на процесот на оптимизација, финалниот дизајн на автомобилот се дигитализира. Со користење на 3D скенер моделот се дигитализира и преведува во STRAK формат.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Mercedes го претстави новиот електричен кросовер EQB

На крајот од процесот на дизајн, дизајнерот конечно создава емоционален постер со понатамошни скици од автомобилот. Овие постери целат да го прикажат духот на автомобилот уште еднаш на многу емотивен начин.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.