Opel се враќа на тркачките патеки! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel се враќа на тркачките патеки!

Опел денес приреди големо изненадување, а тоа е дека се враќа на тркачките патеки! По тој повод беа претставени Adam Cup и Astra GTC Cup.

Овој потег, според претставниците на Опел ќе има голема улога во целосната стратегија на брендот, кој како што знаеме не е во најдобра „форма“ изминатиот период.

Opel Adam е во Rally Cup изведба и како што официјално изјавија од Opel, овој автомобил ги задоволува FIA R2 стандардите со што овој автомобил ќе го гледаме на интернационалните рели трки рамо до рамо со Peugeot 208 R2 и Skoda Fabia R2.

Astra GTC OPC Cup верзијата пак ги задоволува “VLN Endurance Championship” стандардите и исто така ќе се натпреварува во својата класа.

Исто така, овие верзии на Opel ќе имаат свое учество и на 24-часовната трка во “зелениот пекол” – стазата Nürburgring.

Неофицијално, под поклопецот на Astra GTC Cup се наоѓа мотор со 300 КС, додека кај Adam Cup е вграден 1.6 литарски турбо мотор со 140 КС

На почетокот од наредната година, Германците ќе ги изнесат техничките детали за овие модели како и нивната цена, а дотогаш уживајте во видеото на Opel Motorsport како и во фотографиите од Opel Adam Cup и Opel Astra GTC OPC Cup.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.