Citroen DS3 Airflow на Саемот во Париз – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroen DS3 Airflow на Саемот во Париз

Францускиот производител Citroen планира во Септември на Саемот во Париз официјално да претстави кабриолет верзија од DS3.

Механизмот за склопување на покривот ќе биде сличен како кај Fiat 500C, што значи дека автомобилот ќе располага со покрив кој ќе се собира наназад, а кровната конструкција и страничните прозорци ќе бидат фиксирани. Задниот прозорец ќе биде изменет, додека структурата на возилото нема да претрпи значајни измени споредено со стандардниот DS3, што значи дека нема да биде многу потежок.

Citroen DS3 кабриолет, кој најверојатно ќе биде наречен Airflow се очекува да добие 1.6-литарски турбо дизел агрегат со 110 кс и посилен 1.6-литарски турбо бензинец со 150 кс. Се очекува кабриолетот да биде поскап од хечбек верзијата.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.