Stellantis најавува повеќе од 110 нови или обновени возила до 2030! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Stellantis најавува повеќе од 110 нови или обновени возила до 2030!

Stellantis го најави FaSTLAne 2030 планот, според кој можеме да очекуваме многу, многу новитети од глобалниот гигант, но и стратешки поместувања кои ќе влијаат на автомобилската индустрија во целост.

Новиот стратешки план на Stellantis носи инвестиции од 60 милијарди Евра во следните пет години, наменети значително да го трансформираат глобалниот гигант.

Според планот, резултат на FaSTLAne 2030 е целосно обновување на огромното, глоблано портфолио на Stellantis. Најавени се повеќе од 60 нови возила и повеќе од 50 освежувања. Што значи сето ова? Па не објавуваат конкретни детали, но најавија дека можеме да очекуваме 29 нови електрични возила, 15 плаг-ин хибридни или range-extender електрични возила, 24 хибриди и 39 бензински модели. Сега за сега немаме информации што секој бренд на Stellantis ќе добие, но има интересни регионални најави.

Stellantis планира 11 нови возила за САД, со што ќе ја зголеми покриеноста на пазарот за 50%, но и планира да ја зголеми и продажбата за 35%. Интересно е што пазарот во САД е толку важен, што ќе добие дури 60% од вкупните инвестиции. За нас, секако е поинтересна Европа – а плановите на Stellantis се да ги подобри приходите за 15%.

Поточно, во Европа Stellantis сака да го рефокусира портфолиото на брендови и да им овозможи на различните производители полесно и подобро да се издвојат. Дополнително, планираат нов мал електричен E-Car, односно цела гама на стилски и достапни градски електрични возила кои ќе се произведуваат во Европа, односно во фариката на Stellantis во Pomigliano d’Arco, Италија. Најави и нова, STLA One платформа која ќе соедини пет различни платформи во една, флексибилна архитектура. Истовремено, Stellantis сака да ги сподели ресурсите со надворешни партнери.

Поврзано:  Во чест на перформансите и GTi, Peugeot 9X8 има нов дизајн за 2026!

Надворешни партнери? Па да, Stellantis неодамна ја потврди соработката со кинескиот гигант Dongfeng, кој локално ќе произведува по два автомобили од Jeep и Peugeot наменети за кинескиот пазар. Од друга страна, Dongfeng ќе произведува автомобили во Европа, поточно во фабриката во Rennes, Франција. Оваа соработка со Dongfeng ќе резултира со европско производство на возилата од брендот Voyah. Истовремено, Stellantis веќе ја продлабочува соработката со Leapmotor, а неодамна најави и суштинска соработка со Jaguar Land Rover во САД, додека во меѓувреме ја продлабочува и ја засилува соработката со Applied Intuition, Qualcomm, Wayve, NVIDIA, Uber, Mistral AI и CATL.

Дополнително, Stellantis направи и интересно реструктурирање на брендовите. Jeep, Ram, Peugeot и Fiat стануваат глобални брендови, додека Chrysler, Dodge, Citroen, Opel и Alfa Romeo стануваат регионални брендови. Што значи тоа? Па Stellantis веќе им дава на своите брендови поголема автономија за правење регионални одлуки. Со новиот план, секој регион сега ќе биде охрабрен да ја искористи глобалната инфраструктура на Stellantis да дефинира и да имплементира планови кои најдобро им одговараат на локалните пазари, но и на преференците на купувачите.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.