Citroën 2CV се враќа! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroën 2CV се враќа!

Од Citroën кажуваат дека новиот 2CV ќе биде инспириран од духот на оригиналот, а не од носталгија!

За време на презентацијата на FaSTLAne 2030 планот на Stellantis, Citroën објави дека работи на нов, достпаен модел инспириран од еден од најиконските модели во историјата на францускиот бренд – 2CV!

„Одново да се креира 2CV за иднината е огромен предизвик, но и огромна одговорност. Оригиналниот 2CV никогаш не беше замислен да биде икона, но стана токму тоа бидејќи на луѓето им даде слобода. Новиот 2CV ќе го има истиот дух – но не низ носталгија, туку со нова интерпретација на едноставноста и достапноста во денешниот свет. Електричен. Суштински. Достапен. Човечен. Исто како оригиналот кој ја демократизираше мобилноста, новиот 2CV ќе ја магепса електричната мобилност за нова генерација преку модел кој навистина ќе биде посакуван. Враќањето на 2CV не е само враќање на легендарен модел. Тоа е враќање на храбра и оптимистичка идеја за напредок. Суштинска Citroën идеја.“ – изјави Xavier Chardon, главниот извршен директор на Citroën.

Со ова, Citroën ја потврди интеграцијата на новиот модел во своето портфолио. Гордо кажуваат дека новиот модел е инспириран од духот на својот легендарен претходник, а не од едноставна носталгија. Најавуваат дека идниот модел ќе ги отелотвори суштинските вредности на 2 CV – достапност, леснотија, практичност, корисност и препознатлив карактер кој не наликува на ништо друго на улиците.

Citroën ќе открие повеќе на саемот на автомобили во Париз. Сега за сега, нема конкретна информација новиот 2CV би пристигнал на пазарот, но ако Citroën претстави концепт во текот на оваа година, тогаш би можеле да го очекуваме во 2028 – точно 80 години по лансирањето на оригиналниот „Спачек“.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.