Повторно поскапување на горивата! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Повторно поскапување на горивата!

Да, добро прочитавте – и овој понеделник горивата поскапуваат. Бензинот поскапе 3,50 денари додека нафтата нешто помалку – 1,50 денари по литар!

Регулаторната комисија ја донесе одлуката за определување на највисоките цени на горивата која ќе важи 14 дена!

Согласно методологијата на форимирањето на цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат за 2,94%. Со други зборови, ЕУРОСУПЕР 95 и 98 поскапеа за 3,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ 1,50 денари за литар. Сега ЕУРОСУПЕР 95 чини 86 денари за литар,а ЕУРОСУПЕР 98 е 87,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ пак чини 73 денари за литар.

Овие цени важат од полноќ и во наредните 14 дена. Следна рекалкулација на цените на горивата очекуваме за 14 дена, а дотогаш ќе останеме оптимисти!



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.