Porsche Panamera караван ќе дебитира во Париз – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche Panamera караван ќе дебитира во Париз

Porsche го потврди дебитирањето на караван концепт, базиран на Panamera, на овогодинашниот Саем во Париз.

Доколку добие зелено светло за производство, би требало да излезе на пазарот во 2016-та година и се очекува да биде покорисна верзија од сегашната Panamera. Најголема конкуренција на овој автомобил ќе биде новиот Mercedes-Benz CLS Shooting Break. Одлуката за производството на овој концепт ќе биде базирана на заинтересираноста и потенцијалот на возилото на одделни пазари, воглавно Европа.

Доколку има сериска верзија од овој Panamera караван, се очекува да има стандардно меѓуоскино растојание, додека на некои пазари како Кина, Porsche би можел да лансира и продолжена верзија.

И покрај тоа што за кратко време ќе следи освежување на Panamera-та, во тек е развојот на втората генерација која ќе дели неколку компоненти со претстојните модели од Bentley. Kако последица на тоа, втората генерација на Panamera најверојатно ќе го добие новиот 4.0-литарски V8 твин-турбо бензински мотор од Bentley. Германскиот производител исто така размислува за купе и кабрио верзии од Panamera, кои ќе се базираат на скратена платформа, која најверојатно ќе се користи за новите Bentley Continental GT и GTC модели.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.