Сподели! ;)

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи од вечерва да ја зголеми цената на дизелот за половина денар.

Во согласност со методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените, одредени се нови максимални цени на горивата. Новите малопродажни цени се зголемуваат во просек за 0.59 проценти.

Преведено во денари, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се не се менуваат, и еден литар од овие горива ќе продолжи да чини чини 60.50 односно 62.50 денари.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 0.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 47 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.