Dacia Sandero е најпродаван автомобил во Јануари 2022 во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Dacia Sandero е најпродаван автомобил во Јануари 2022 во Европа

Пристигнаа резултатите на JATO Dynamics за продажбата на возила во првиот месец од оваа година на стариот континент.

Тие откриваат солидна побарувачка за Dacia Sandero, чија трета генерација продолжува да се продава во најголема количина. Како последица на тоа го зазема првото место, со продадени 17,558 примероци.

На втората позиција се најде Peugeot 208, кој повторно се финишираше меѓу најпродаваните возила со остварени 16,190 продажби. Веднаш зад него се најде неговиот поголем „брат“ – кросоверот 2008, кој забележа вкупно 14,563 нови регистрации.

Најпродаваниот автомобил во минатата година – Volkswagen Golf, заврши на четвртото место, по продадени 14,483 примероци, додека помалиот кросовер Volkswagen T-Roc ја зазема петтата позиција со остварени 13,669 продажби.

Шестото место остана резервирано за Skoda Octavia, од која беа продадени 13,395 примероци, а на седмата позиција се најде Renault Clio со вкупно 12,859 продадени автомобили.

Во остатокот од табелата за 10 најпродавани возила во Европа се најдоа и моделите Toyota Yaris Cross, Ford Puma и Toyota Corolla, кои се продадоа во 12,456, 12,159 и 11,990 примероци редоследно.

Извор на табелата: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.