full screen background image
Search

Вечерно Кино: Новата 31ва сезона на Top Gear ветува уште повеќе забава!

Top Gear повторно се враќа на екраните наредниот месец, а првиот трејлер за 31вата сезона носи нови авантури, презентирани од Крис Харис, Фреди Флинтоф и Педи МекГинис.

Трејлерот прикажува најразлични предизвици, почнувајќи од неодамнешната Формула 1 трка во Британија, каде снимаа заедно со Себастијан Фетел, Антонио Џовинаци и Ландо Норис и возеа Aston Martin V8 Vantage F1 Edition, McLaren 765LT и Alfa Romeo Giulia GTAm.

Останатите предизвици вклучуваат и караванско патување со приколки преку секакви планински терени со електричните Polestar 2, Mercedes-Benz EQC и Audi E-tron.

Неколку извонредни автомобили ќе бидат ставени на тест на познатата Top Gear тест патека, како Lamborghini Huracan STO, Aston Martin Victor и Chevrolet Corvette Stingray. Исто така една секција ќе биде одвоена за историскиот DeLorean DMC-12.

Сеуште не е објавена точната дата на премиерата, но очекуваме таа да биде откриена наскоро.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.