Aston Martin се придружува и со Safety Car во Формула 1! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aston Martin се придружува и со Safety Car во Формула 1!

Aston Martin и Mercedes ќе го делат снабдувањето со возила на различни патеки во текот на 2021 година – и со тоа што е прв пат во последните 25 години два брендови ќе ги снабдуваат безбедносните и медицинските автомобили на Формула 1.

Астон Мартин ќе управува со специјално-опремена верзија на нивниот Vantage – најмоќниот модел во палетата на производство на луксузната британска марка – за својот безбедносен автомобил, додека Aston Martin DBX ќе ја исполни обврската на медицинскиот автомобил. И двата автомобили ќе бидат со бојата 2021 Aston Martin Racing Green, секој со акценти на лимета зелена боја за да го прослават враќањето на марката во Формула 1 по повеќе од 60 години.

Mercedes-AMG – кои го снабдуваат Ф1 шампионатот со безбедносниот автомобил и медицинскиот автомобил од 1996 година – ќе продолжат да ги управуваат своите возила AMG-GTR и AMG C63S со спортски изглед за 2021 година. Новата светло-црвена боја ќе ги краси возилата на Мерцедес од почетокот на кампањата. Германецот Бернд Мејлендер ќе остане зад воланот на Безбедносниот автомобил на секое Гран При, додека Јужноафриканецот Алан Ван Дер Мерве ќе ја продолжи својата улога во пилотирањето на медицинскиот автомобил.

Мајкл Маси, директор на ФИА во Формула 1 трка и делегат за безбедност, рече – „Задоволни сме што го пречекуваме Aston Martin како снабдувач на Формула 1 за безбедносни и медицински автомобили, споделувајќи ја улогата заедно со нашите долгогодишни партнери Mercedes-AMG кои се со нас од 1996 година. Безбедносните и медицинските автомобили се суштински дел од водење на безбеден и успешен настан на Светскиот шампионат во Формула 1 – од тестови и инспекции на патеки до тркачки интервенции и неутрализирање на проблеми. Тие се од витално значење и алатка за мене како директор на трката да ги искористам со цел да ги задржиме сите безбедносни протоколи. Овие автомобили треба да бидат брзи во сите услови и да носат огромна врвна технологија на себе, и гледајќи ги Vantage и DBX, Aston Martin заврши импресивна работа подготвувајќи ги автомобилите за акција. Мислам дека фановите навистина ќе ги сакаат новите додатоци на трките оваа година. Астон Мартин е иконска марка со огромно количество тркачко наследство.”

Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Формула 1, рече – „Ние сме многу задоволни што го објавивме нашето ново партнерство со Aston Martin и Mercedes-AMG за да ги обезбедиме официјалните безбедносни и медицински автомобили на Формула 1. Aston Martin и Mercedes-AMG се иконски автомобилски брендови и ние сме горди на нивното место во нашиот неверојатен спорт. Безбедносните и медицинските автомобили се исклучително важен дел од Формула 1 и секогаш се тука за да ги чуваат нашите возачи безбедни. Минатата сезона бевме сведоци на херојската брзина и посветеност што ги бараа екипите за спасување на Ромен Грожан од неговата драматична несреќа, и двата автомобила Астон Мартин и Мерцедес-АМГ се совршено опремени да одговорат на ваков момент, за да се осигура безбедноста на возачите. ”

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Новиот Aston Vanquish e... Aston Martin Vanquish!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.