Cupra Formentor и Polestar 2 се наградени со пет ѕвезди на Euro NCAP – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Cupra Formentor и Polestar 2 се наградени со пет ѕвезди на Euro NCAP

Европската програма за оценување на безбедноста на новите автомобили штотуку ги објави првите резултати за оваа година со два нови модели : Cupra Formentor и Polestar 2.

И двата модели се наградени со максимални пет ѕвезди и се оценети со добра оценка во заштита на возрасни и деца патници, заштита на пешаци, а исто така се и пофалени за нивните системи за безбедносна асистенција.

Cupra Formentor освои 93 проценти во категориите за возрасни патници и 88 проценти за деца патници. За поранливите учесници во сообраќајот и безбедносната помош, освои 68 и 80 проценти редоследно. Европската безбедносна агенција ги оствари овие резултати со 1.5-литарски модел со лево поставен волан, тежок 1,362 килограми, но оценката важи за сите верзии на Formentor.

За Polestar 2, беше одбран примерок со волан на лева страна и двоен-мотор со долг опсег, кој тежи 2,173 килограми. Тој освои 92 и 89 проценти во заштита на возрасни и деца патници, како и 80 проценти за заштита на пешаци и 86 проценти во безбедносна активна помош.

Покрај овие два модели, Euro NCAP исто така ги обнови и оценките на Renault Captur и Lexus UX 300e, кои беа наградени со по пет ѕвезди.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.