full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Cupra ја претстави сериската изведба на Formentor!

Откако минатата година го претстави Formentor во концептна изведба, спортската дивизија на SEAT го претстави својот прв независен модел – модерниот купе-СУВ кој се вика Formentor.

Името Formentor доаѓа од ‘рт на островот Мајорка, а моќниот купе-СУВ на Cupra може да се пофали со огромни количини на шпанска врела крв. Formentor е долг 4450 милиметри, широк 1839 милиметри и висок 1511 милиметри. Екстериерот има еден куп агресивни и динамични детали – многу од нив во бронзена боја, а стандардно ќе доаѓа со 19-инчни тркала.

Достапни ќе бидат неколку бои, кои од Cupra ги нарекуваат Urban Silver, Midnight Black, Magnetic Tech и Candy White, специјалните Graphene Grey, Dark Camouflage и Desire Red, а достапни ќе бидат и две мат бои – Petrol Blue Matte и Magnetic Tech Matte.

Cupra Formentor ќе може да се добие во две изведби – едната е придвижувана од 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 310 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, додека втората е плагин-хибридна изведба која комбинира 1.4-литарски TSI турбо-бензинец и 115-коњски електромотор, за вкупно 245 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Конвенционалниот бензинец е со погон на сите четири тркала и седум-брзински DSG менувач, а плагин-хибридната изведба ќе може да пмине до 50 километри на електрична енергија.

„Formentor ќе го направи нашиот бренд уште порелевантен на пазарот. Со дизајн од кој застанува здивот и модерни погони, Formentor е значителен чекор напред за Cupra и јасно ќе го покаже потенцијалот на брендот.“ – изјави Вејн Грифитс, извршниот директор на Cupra.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: SEAT подготви детално освежување за супер-успешната Ateca!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.