Шведскиот производител реши да го пренасочи својот деловен фокус кон европскиот пазар, како директна последица на сè пожестоките трговски и регулаторни пречки со американците.
Ограничувањата на американската влада, кои вклучуваат високи царини и најавени забрани за кинески хардвер и софтвер во поврзаните возила, го отежнаа работењето на тој пазар. Со оглед на тоа што Polestar е во сопственост на кинеската групација Geely и дел од своите модели ги произведува во Кина, американските регулативи создадоа сериозни предизвици за неговиот раст во Северна Америка.
Поради ваквиот неповолен развој на настаните во САД, раководството на Polestar донесе стратегиска одлука за дополнително засилување на своите позиции во Европа. Европскиот пазар станува главен столб за идната продажба и профитабилност на компанијата, каде што побарувачката за премиум електрични возила се уште нуди големи можности. Овој чекор бара реструктуирање на продажната мрежа, како и прилагодување на маркетинг стратегиите со цел подобро привлекување на европските купувачи.
Во Европа, Polestar исто така го менува својот продажен модел од директна продажба преку интернет кон подобрен „хибриден“ модел во соработка со традиционалните дилерски мрежи. Преку поблиска соработка со локалните партнери во клучните европски земји, брендот се надева на поефикасен и поуреден стабилен раст.
За Polestar, повлекувањето или намалувањето на амбициите во САД во корист на Европа претставува прагматичен потег за опстанок и и обид за нов комерцијален успех.




