full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поскапуваат по половина денар, цената на дизелот не се менува

Од вечерва на полноќ, максималните малопродажни цени на бензините се зголемуваат по половина денар, но цената на дизелот останува иста.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по 0.50 денари. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 66.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 68.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува, и еден литар дизел и понатаму ќе чини 56.00 денари.

Извор: РКЕ



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.