Специјалното издание е направено во одделот Q на Aston Martin со цел да се одбележи точно четврт век од дебито на првата генерација на Vanquish.
Купувачите имаат можност да избираат меѓу конфигурации со 2 или 2+2 седишта, што е директно одговара на опциите што ги нудеше оригиналниот модел пред 25 години.
Во надворешноста доминира ексклузивната нијанса Q Sky Silver, која е модерна интерпретација на оригиналната сребрена боја кога моделот дебитираше во 2001 година. Екстериерот е дополнително збогатен со детали од нерѓосувачки челик, специјални издувни цевки и нови 21-инчни тркала.
Внатрешноста нуди избор од три главни кожни теми, кои се комбинираат со ласерски гравирани влошки и црн алакантра тапацир. Кабината содржи и специјално везано лого со бројката 25 на потпирачите за глава, како и карактеристично ротирачко старт-стоп копче во црвена и сатенско-сребрена боја.
Под хаубата се наоѓа моќниот 5.2-литарски V12 кој испорачува 835 коњски сили и 1000 Nm вртежен момент. Овие бројки му овозможуваат на возилото да забрза од 0 до 100 км/час за само 3.3 секунди и максимална брзина од 344 км/час.
Лимитираното издание на водечкиот гренд турер на британскиот бренд е строго ограничено на 50 примероци, односно 25 купе и 25 Volante изведби додека првите испораки се планирани за последниот квартал од годината.
















