После скоро една деценија, Spyker се враќа со новиот C8 Preliator XXV – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

После скоро една деценија, Spyker се враќа со новиот C8 Preliator XXV

Иако компанијата го најавува како целосно нов модел, во суштина станува збор за темелно преработена и усовршена верзија на претходната шасија од C8 Preliator.

Под рачно изработената каросерија се наоѓа 4-литарски твин-турбо V8 од Audi, кој испорачува моќни 800 коњски сили и 1002 Nm вртежен момент. Mоќностa се пренесува преку традиционален рачен менувач со отворен механизам за менување брзини кој е заштитен знак на холандскиот бренд.

 

Според официјалните податоци, забрзувањето од 0 до 100 км/час трае под 3 секунди, додека максималната брзина достигнува импресивни 350 км/час.

Дизајнот на C8 Preliator XXV и понатаму силно се потпира на воздухопловното наследство на марката, со функционални  отвори за воздух низ каросеријата и тркала инспирирани од пропелерите на старите авиони.

Примерокот прикажан на премиерата доаѓа во специфична нијанса наречена Quail Green, која содржи честички од злато кои се инкорпорирани во бојата.

Внатрешноста нуди препознатлива атмосфера каде детално рачно обработените материјали се комбинираат со истакнатиот отворен механизам на менувачот, исто така обложен во злато.

Производството ќе биде строго ограничено на само 25 примероци за целиот свет, а според неофицијални информации, почетната цена за овој ексклузивен суперавтомобил ќе изнесува околу 1,6 милиони долари.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!