Lancia ќе започне со продажба надвор од Италија во 2024 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lancia ќе започне со продажба надвор од Италија во 2024

По повеќе години отсуство од останатите eвропски пазари, покрај родната Италија, Lancia полека ќе го проширува своето присуство со новите модели.

Откако PSA и FCA се споија во групацијата Stellantis, кружат гласини за иднината на Lancia. Некогаш легендарен во минатото, брендот моментално продава само еден модел – Ypsilon само во една земја – Италија. Тоа ќе се промени во 2024, но овојпат со сигурност.

Добрите вести доаѓаат од Извршниот директор на Lancia, Лука Наполитано, кој потврди дека брендот ќе се врати на останатите пазари надвор од татковината за помалку од три години од сега.

Lancia ќе претстави три нови модели, вклучувајќи нова генерација на Ypsilon, во верзии со внатрешно согорување и електрична со батерии, како и кросовер и хечбек. И како што веќе известивме, Delta ќе се врати, но не порано од 2026.

Извозот на Lancia надвор од Италија ќе започне со Австрија, Белгија, Гранција, Германија и Шпанија во 2024, додека испораките кон Велика Британија ќе започнат една година подоцна. За сега нема планови за Северно Американскиот пазар и се чини дека така и ќе остане во иднина.

Дизајнот на новите модели на Lancia ќе биде надгледуван од Жан-Пјер Плое, а Импарато ветува „чиста Италијанска елеганција со меки површини и висок квалитет“.

Новиот извршен директор на брендот сака да ја репозиционира Lancia како речиси-премиум производител, кој ќе ги освојува купувачите со просечна старост од 55 години. Исто така Lancia повеќе нема да произведува модели кои целат главно женски купувачи.

До 2026, Lancia сака да произведува само целосно електрични возила и ќе цели кон потенцијалните купувачи и сопственици на модели на Tesla, Volvo и Mercedes Benz EQ. Наполитано верува дека луѓето кои сакаат да ја водат промената и се заинтересирани за нови технологии треба да бидат привлечени од новата генерација на модели на Lancia.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.