Lancia ја откри новата HF значка и најави Ypsilon HF со 240 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lancia ја откри новата HF значка и најави Ypsilon HF со 240 коњски сили!

Lancia најави дека следната година ќе пристигне нов, 100%-електричен Ypsilon HF кој ќе забрзува до 100 километри на час за 5.8 секунди!

Да, препознатливата HF значка и нејзиното мало слонче ќе се најдат на целосно-електричен модел. Од Lancia не откриваат премногу детали, но најавуваат дека електромоторот ќе испорачува 240 коњски сили и дека компактниот хечбек ќе забрзува до 100 километри на час за само 5.8 секунди. Дополнително, напоменуваат дека електричниот хот хеч ќе има поширока трага и пониска суспензија – што пак би требало да влијае позитивно на динамиката и управувањето.

Новата верзија на HF логото е очекувана еволуција на логото кое за прв пат се појави во 1960-тата година. Од Lancia напоменуваат дека боите на логото се повторно искористени, но без додавање непотребни графички елементи. Логото е поедноставно, боите се чисти и максимално се почитуваат геометриските пропорции на логото и на брендот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.